еМагазин
Image default
Спорт

Витомир Трајковски од „Макпетрол“ освои бронза на светската карате лига во Атина

Членот на скопски „Макпетрол“, Витомир Трајковски, во борба со црногорскиот претставник Никола Маловиќ, кого го победи со 5-0, освои бронзен медал на турнир од светската карате лига во Атина.

Македонскиот карате клуб долги години учествува на ова реномирано натпреварување и ова е 45 медал за тимот, како и прв во 2023 година.

На патот до бронзата Трајковски извојува пет победи, а за влез во финалето загуби минимално од грчкиот претставник Константинос Мастрогијанис 0-1.

Шестата победа беше во директна борба за бронзениот медал со црногорскиот репрезентативец Маловиќ.

Трајковски е во одлична форма, тој е актуелен светски вицешампион во категоријата од 18 до 21 година, а бронзеното одличје го освои во сениорска конкуренција. Ова е добар показател пред европското првенство за јуниори.

На карате лигата во Атина настапуваат 1.116 натпреварувачи од 75 држави.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Четврто издание на Меѓународниот натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice“

Редакција

Угледниот шпански спортски весник „Марка“ го вброи Пандев меѓу ѕвездите на ЕУРО2020

Редакција

Дарио Ивановски го истрча маратонот во Париз и го развиори македонското знаме

Редакција