еМагазин
Image default
Бизнис

„Виз ер“ објави 25 проценти попуст на одредени дестинации

„Виз ер“ објави 25% попуст на сите летови од и до Данска, Исланд, Норвешка, Кипар, Швајцарија и Грција.

Промоцијата важи за сите патници кои ќе ги резервираат своите билети денеска до 23:59. Картите можат да се резервираат на wizzair.com или на мобилната апликација на WIZZ.

Попустот од 25% важи за цената на превоз, без административната такса. Промоцијата важи на 10 јули 2020 година, во периодот 0:00 – 23:59 часот CEST („Промотивен период“).

Попустот од 25% важи само за летовите до и од Данска, Исланд, Норвешка, Кипар, Швајцарија и Грција, достапни на wizzair.com и апликацијата за мобилни уреди на WIZZ во промотивниот период.

Периодот за патување е неограничен. Попустот од 25 % важи само за резервациите извршени преку wizzair.com или апликацијата за мобилни уреди на WIZZ во промотивниот период. Промоцијава не важи за групни резервации.

Wizz Air им препорачува на своите патници при нивната резервација да ја додадат услугата WIZZ Flex за дополнителна заштита. Со оваа услуга, патниците можат да го откажат летот до 3 саати пред полетување без дополнителни плаќања а 100% од целата сума ќе им биде вратена во кредити, а можат и да ги менуваат датумот и дестинацијата во неограничен број.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Реплек“ оствари добивка од 85 милиони денари за девет месеци

Редакција

Лидл имале проблеми со претходната влада, тврди Мицкоски

Редакција

Марко Микиќ назначен за генерален директор и претседател на УО на „Еуросиг“

Редакција