„Виз ер“ објави дека нејзиниот виртуелен асистент за разговор, Амелија, сега е достапен на Facebook Messenger за патниците брзо и лесно да добијат информации за патувањето и да управуваат со нивните детали за летот.
„Именуван по Амелија Ерхарт, чет-ботот на Wizz Air на Facebook Messenger е најновиот канал што клиентите можат да го користат за да поставуваат прашања за нивните резервации, статусот на летовите, и за производите и услугите на Wizz Air.
Клиентите едноставно треба да иницираат директна порака на Facebook страницата на Wizz Air или да го побараат Wizz Air на Messenger.
Чет-ботот е достапен и на неколку страници на сајтот на авиокомпанијата, wizzair.com на англиски, италијански и германски и е најбрзиот и најлесниот начин да се добијат одговори директно од Wizz Air,“ се вели во соопштението.
Аndras Rado, портпаролот на Wizz Air Group, изјави дека се задоволни што им нудат на клиентите друг начин да ги контактираат за резервации, информации за летови и за повеќе детали за производите и услугите.
„Чет-ботот на Facebook Messenger обезбедува брз и лесен начин за клиентите да добиваат информации поврзани со управувањето со нивните детали за летот, како што се менување на нивната резервација, проверка на статусот на нивниот лет и додавање багаж на нивната резервација.
Wizz Air е посветен на проширување на експертизата на Амелија и поддршка на нашите патници со проширен опсег на опции за самопослужување,“ вели тој.