еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.586 заболени од корона вирусот: Регистрирани 14 нови случаи

Министерство за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 1.586.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Последната дистрибуција по градови е: Скопје – 531, активни 130, Куманово – 404, активни 61, Дебар – 51, активни 0, Штип-35, активни 2, Прилеп –169, активни 62, Тетово – 96, активни 42, Струга – 67, активни 16, Велес – 101, активни 46, Битола –22, активни 3, Охрид –15, активни 9, Кавадарци – 5, активни 1, Гостивар –17, активни 3, Гевгелија – 4, активни 0, Струмица – 2, активни 0, Крива Паланка- 6, активни 2, Радовиш – 4, активни 0, Крушево – 3, активни 0, Кочани – 31, активни 5, Пробиштип – 2, активни 0, Кичево – 2, активни 1, Неготино -9, активни 7 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, активни 0, Македонски Брод – 2, активни 1, Пехчево- 2, активни 2, Делчево-1, активни 1, Валандово -1, активни 1, Виница – 2, активни 1, Кратово-1, активни 1.

“Направените 242 теста се преку: Институтот за јавно здравје –107, Ветеринарен факултет -11, Авицена –3, Биотек -38, Филип Втори (Жан Митрев) –42, Систина со PCR метода  -22 и МАНУ -19.

Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 пациенти со потешка клиничка слика, а вкупно хоспитализирани 42. На кислородна поддршка се 16, а на механичка вентилација 4 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 4 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани 20. На респираторна машина се 2 пациенти и уште 2 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекува 1 пациент, а на домашно лекување се следат 2 пациенти.

Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 5, а уште 1 пациент се следи на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид и Тетово сe хоспитализирани 46 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19“, информираат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Оздравени уште 20 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.099

Почина уште еден пациент заболен од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 90

Заболени од коронавирусот во Македонија уште 40 здравствени работници, излекувани 197

(Графикон) 115 се на возраст до 19 години, детали за возраста на заболените со коронавирусот во Македонија

8 хоспитализирани, 17 со претходни заболувања, детали за новозаболените со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Престижна награда за Завар дизајн “German Design Award 2020” во категоријата Excellent Product Design Energy

Редакција

Германската Влада потврди дека Алексеј Навални е отруен со воен нервен отров

Редакција

Убава вест: Оздравени 75 пациенти коишто боледуваа од Ковид-19

Редакција