еМагазин
Image default
Македонија

Влада: Ќе има јавна расправа за новиот концепт за основно образование, историјата не се укинува

Да се спроведе исцрпна јавна расправа со активно учество на Министерството за образование и наука и на Бирото за развој на образованието, и низ максимално инклузивен процес на сите засегнати страни да се дојде до најдобри решенија и висока согласност за најавениот концепт за основно образование, е заедничкиот заклучок од седницата на Владата, по презентацијата на Нацрт-концепцијата за основно образование.

Освен тоа, во заедничкиот заклучок стои дека треба да се појаснат некои од прашањата што ги имаат граѓаните, наставниците, родителите и учениците за најавената нова концепција за образование.

„Презентацијата јасно покажа дека со предлогот за наставен предмет општествени науки не се укинува наставниот предмет историја, туку содржините од него се предвидува да станат задолжителен дел од новата наставна програма, како и дека новиот концепт не предвидува намалување на бројот на наставниците по историја, географија и граѓанско образование, туку продолжуваат заеднички да ја планираат наставата, со цел учениците да добијат најдобро можно знаење на најефикасен начин, велат од Владата.

Покрај ова, Министерството за култура доби согласност од Владата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година.

„Со измените на програмата се предвидува продолжување на реализацијата за изградба на новите објекти – театри, во Тетово, Струмица и Велес, се планира почеток со обезбедување на проектна документација за реконструкција на објектот театарот во Куманово и обезбедување проектно техничка документација за технички преглед на реконструкцијата на НУ Албански театар“, соопштија од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата си „пукаше во колено“ со лош тајминг: Бугарија не оспорува, ние ќе ја спојуваме историјата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Граѓаните да не склучуваат договори за продажба на автомобили без да им бидат исплатени парите

Редакција

Македонија ќе нарача 100.000 руски вакцини „Спутник“

Редакција

Антикорупциска комисија ќе поведе прекршочни и кривични постапки против повеќе директори

Редакција