еМагазин
Image default
Бизнис

Владата ќе земе кредит за новиот Клинички центар во Ѓорче Петров

Создадени се првите конкретни услови, преку обезбедување финансиски средства, за изградбата на новиот Универзитетски Клинички центар во скопската општина Ѓорче Петров. Ова е една од одлуките донесени на вчерашната 148-ма седница на Владата.

„Владата на Република Северна Македонија ја усвои Информацијата за начинот на финансирањето на изградбата на Универзитетски Клинички Центар на greenfield локација во Скопје, како и Информацијата за започнување на реализацијатана новиот Универзитетски Клинички центар.

Задолжено е Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство да отпочне преговори со конзорциумот на банки Erste group, Raifaisen bank и UniCredit за заем обезбеден со гаранција од ECA.

На седницата е констатирано дека е завршена фазата на утврдување најповолна понуда на кредит, а тоа што станува збор за познати светски банки, само ја потврдува довербата на странските кредитори кон нашата држава. На седницата е задолжено Министерството за здравство, како договорен орган, да ја спроведе постапката за јавната набавка за изградба“, информираат од Владата.

За потребите и реализација на новиот Универзитетски Клинички центар, Владата донесе одлука, со оглед дека во изведбата обврски имаат и други министерства и институции, да даде рок од 30 дена, во коишто тие ќе ја разгледаат можноста за придонес во реализацијата и повратно ќе ја известат Владата.

На владината седница е констатирано, дека доколку сите процедури се одвиваат според предвидената динамика, може да се очекува во текот на зимата да биде поставен камен темелникот на новиот Универзитетски Клинички центар во Скопје, којшто треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги за населението во целата држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мнозинскиот сопственик Ристо Милев со понуда за преземање на 28.438 акции на ГД Тиквеш

Редакција

„Жито Полог“ оствари загуба

Никола Осило

АЕК: За пенкалата очекувавме понуда од 165 денари, за набавката направивме детална анализа

Редакција