Министерството за финансии подготвува предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност поради потребата од прецизирање и појаснување на одредени одредби.
Исто така, се врши и усогласување на одредбите со царинските прописи и со Виенската конвенција за дипломатски односи.
„Целта на предлогот е да се допрецизира и дополни даночното ослободување во делот на образованието и да се надополни и со научната дејност. Дополнително, се намалува рокот во кој е задолжително даночните обврзници да останат регистрирани за цели на ДДВ, од пет години, на две години.
Исто така, се врши усогласување со царинските прописи во делот на утврдувањето на даночната основа при увоз на добра, како и усогласување на враќањето на ДДВ согласно Виенската конвенција за дипломатски односи“, се вели во образложението.