еМагазин
Image default
Македонија

Владата го усвои предлог-законот за Попис на населението: Ќе се користат лап топи наместо хартија

Претстојниот попис во Република Северна Македонија, планиран да се реализира од 1 до 21. април 2020 година, ќе се спроведе со комбиниран метод, односно користење на податоци од претпописната база на податоци и прибирање на податоци од терен, т.е. лично попишување на сите единици на Пописот, соопшти владината прес-служба.

Ова денеска било утврдено на 137 седница на Владата, а на Собранието на Република Северна Македонија му е предложено текстот на Предлог-закон за Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија за 2020 година да го усвои, со што, како што појаснуваат, ќе се создадат услови за забрзани подготовки на овој долгоочекуван Попис.

„Во предлог-текстот на Законот се утврдени методолошките основи на претстојниот Попис, како и организациско-техничките специфики на оваа најголема статистичка операција. Новина во овој Попис е користењето на лаптопи наместо хартиени обрасци што во голема мера го забрзува процесот на обработка и објавување на прибраните податоци“, појаснуваат од Владата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски се јави по пресудата за „Насилство во Центар“: Нема правда во Македонија

Редакција

Полицискиот час го прекршиле 36 лица, изречени 434 казни за неносење маска

Редакција

Црвенковски се произнесе за референдумот и го кажа својот став

Редакција