Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои информацијата во врска со доставениот Повик за донација од Здружението на граѓани „Обнова на Глобал“ – Струмица и донесе заклучок да им препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции, на единиците на локалната самоуправа, јавните претпријатија и другите правни лица основани од единиците на локалната самоуправа, како и на приватниот сектор во рамките на своите финансиски можности да донираат средства на Здружението со цел обновување и реконструкција на опожарениот објект на ГТЦ „Глобал“ – Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Морничави слики: Почна расчистувањето на остатоците од пожарот во „Глобал“
Кои се сопственици на „Глобал“?