Актуелната Влада на Словенија никогаш не го видела ниту дискутирала за нон пејпер, според кој, одредени тамошни медиуми тврдат дека е предлог на премиерот Јанез Јанша испратен до Европската Комисија, со кој се предлага создавање на Голама Србија и Голема Албанија.
Од таму велат дека не само Владата, туку ниту еден владин орган дискутирал и подготвил или дискутирал за нон пејпер, ниту пак на било каков начин учествувале во „распарчување“ на Босна и Херцеговина.
„Словенија, заедно со другите засегнати страни во регионот, во Европската Унија и пошироко, вложува максимални напори за забрзување на интеграцијата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантските интеграции, со тоа е убедена дека ниту еден чекор во оваа насока не треба го загрозуваат мирот и соживотот во Босна и Херцеговина и воопшто во регионот на Западен Балкан,“ изјавиле од Владата на Словенија за „ТВ21“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Словенскиот премиер Јанша: Нема нон-пејпер за прекројување на Босна и Херцеговина
Фото: Photo by Yogendra Negi on Unsplash