Владата на денешната седница реши да му достави предлог на претседателот Стево Пендаровски во кој се оценува дека за успешно справување со коронавирусот потребна е вонредна состојба во државата.
– Владата на Република Северна Македонија на денешната 41-ва седница донесе заклучок да достави предлог до Претседателот на Република Северна Македонија со извештај за досега преземените активности од државните институции, со кој се аргументира дека за успешно справување со коронавирусот во државата е потребна вонредна состојба, се наведува во соопштението од денешната владина седница.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Можно е продолжување на вонредната состојба за уште еден месец
Прв случај: Кичевецот позитивен на коронавирусот работел надвор од земјата и бил во државен карантин
Убава вест: Четиримесечното бебе, кое е најмлад пациент заболен од Ковид-19 во стабилна состојба