еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Владата со препорака приватниот сектор да ги заштити работниците од топлотниот бран, трудниците и лицата над 60 години да бидат ослободени од работа

Согласно добиените информации од метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) целата територија, во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури (од 29.07-01.08.2021 година – четврток до недела) во портокалова фаза и за нив важат објавените препораки од Министерство за здравство, за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините.

Согласно добиените информации од УХМР, почнувајќи од четврток (29.07.2021 година), шесте региони од Републиката, Скопскиот (северно од Вардар), Осоговско-Малешевскиот, јужно од Вардар, Пелагонискиот и Охридско-Преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза, при што состојбата на Топлотен бран почнува да важи на целата територија на Републиката, и соодветно препораките на Владата од среда до недела (29.07-01.08.2021 година) важат следните препораки:

-Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се – бремените жени илицатана возраст над 60 години.

-Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

-Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст на Република Северна Македонија и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

-Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Согласно добиените информации Владата одлучи:

-Државните органи и јавните претпријатија и установи, да ги почитуваат препораките.

-Во исто време, Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеностна работниците, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

-Владата одлучи оваа мерка да биде со времетраење од 4 дена, до понатамошно одлучување.

-Владата и надлежните органи будно ја следат состојбата и доколку има потреба ќе бидат преземени мерки согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови, врз населението во Република Македонија.

-Истовремено, работното време градинките треба да го организираат во периодот од 7 до 17 часот. Градинките не треба да практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено после 11 часот.

-Владата зазема став сите правни субјекти кои вршат активности на отворено да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот. Ова особено се однесува на градежните работници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Препораки за топлотниот бран: Да се остане на затворено, повеќе течности и внимателност при исхраната

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Конечно: Од четврток авиолинија Скопје – Атина

Редакција

(Фото) Се одржа фестивал на младо вино на Тиквеш: Да наздравиме за посреќна иднина

Редакција

Нето-надворешниот долг на земјава на крајот на септември на ниво од 28% од проектираниот БДП

Редакција