еМагазин
Image default
Македонија

Влошената епидемиолошка состојба во гевгелиско, ќе ја контролираат и патролни групи

Општинскиот кризен штаб, во проширен состав, констатираше влошување на епидемиолошката состојба предизвикана од пандемијата на Ковид-19, поради што наложи од денеска, покрај задолжените институции и субјекти, примената на мерките за заштита да ги контролираат и патролни групи.

Во прилог на констатацијата беше речено дека во првото тримесечие од пандемијата во општина Гевгелија биле регистрирани само четири заболени лица, во второто тримесечие 36, а само за половина од третото тримесечие, поточно во октомври позитивни се 286 лица.

-Ваквите алармантни резултати се застрашувачки ако се има во предвид дека расте бројот на заразени под 50 годишна возраст и дека од дневно тестираните 30 пациенти скоро 90 отсто се позитивни.

Без омнение ова зборува за широка распространетост на вирусот на овие протори и дека не може да стане збор за кластери, туку само за недисциплина на граѓаните, пред се на младите, рече епидемиологот Сашко Олумчев.

Поради влошената епидемиолошка состојба, Општинскиот кризен штаб повика на целосна мобилизираност и засилена контрола за примена на донесените заклучоци, заштитни мерки и протоколи со акцент да се избегнуваат собирања на поголем број луѓе на исто место.

Општинскиот кризен штаб, со кого заседаваше градоналачникот Сашо Поцков, заклучи да се интензивира превентивната информираност на младите за реалната закана од подмолниот вирус преку изработка на посебен флаер и побара засилена контрола на игралиштата во училишните дворови кои се место за собирање на младите.

Во состав на патролните групи, кои со теренски контроли почнуваат од денеска, влегуваат и членови од Советот на општина Гевгелија.

МИА/Фото: Општина Гевгелија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 368 болни од Ковид-19, од Скопје 154

Редакција

Изречени 381 казна за неносење маска

Редакција

Со претходни заболувања 6 лица од новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција