еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ не беше организатор на настаните во Собранието, кажа Јанкулоска на судењето за „организаторите на настаните од 27 април“

Поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска на денешното рочиште за организаторите на настаните од 27-ми април во Собранието, негираше дека ВМРО-ДПМНЕ била организатор на настаните и додаде дека партијата формално никогаш не се изјаснила и немала став по однос на протестите.

Критичниот ден, како што рече, била во својата канцеларија во партиското седиште и притоа не се случувало ништо невообичаено.

– Дваесет и седми април остави траги кај сите нас. Јас во 17 часот си заминав од партијата, отидов дома и на телевизија видов што се случува во Собранието, додаде Јанкуловска.

На денешното судско рочиште за „Организаторите на настаните од 27-ми април“ повикани се 17 сведоци.

Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристоски, како и поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Ципрас меѓу најсериозните кандидати за Нобеловата награда за мир?

Редакција

Јанакиески, Димовски и Јанкулоска на суд: Продолжува судењето за изборни нерегуларности, „Титаник“

Редакција

Изводливо ли е технички во карантин да одат само Чаир, Сарај, Гази Баба и Аеродром

Редакција