еМагазин
Image default
Бизнис

ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржи заемот за ликвидност на ЕСМ додека не добие извештај како се трошени парите за транспорт на јаглен

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска изрази загриженост и предупреди дека не чека многу тешка зима и периодични рестрикции на електрична енергија, за што, како што кажа, знае дека веќе се разгледува ова сценарио во ЕВН.

Според Мицкоски, рестрикцијата не е начин да се заштеди, бидејќи системот ќе се оптовари неколку часа пред таа рестрикција или после неа.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, рече лидерот на опозициската партија, нема да го поддржат заемот од сто милиони евра од ЕБРД за ликвидност на ЕСМ, додека не добијат отчет како се трошени парите за транспорт на јаглен.

-Нашиот став е јасен: додека не видиме како онаа компанија формирана ден пред да го добие тендерот за транспорт на јаглен ги трошела парите, нема да го поддржиме. Затоа што тие пари им требаат за да ги договараат и злоупотребуваат тендерите за кризната состојбата и за ископ и транспорт на јаглен и мазут за РЕК Битола, ТЕЦ Неготино и РЕК Осломеј.

Додека не видиме каде се потрошени парите нема да поддржиме. Првиот момент кога ќе го видиме тоа тогаш можеме зборуваме за се. Сега бараат сто милиони од ЕБРД, нормално тоа зависи од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски на брифинг со новинарите.

ВМРО-ДПМНЕ, најави лидерот на опозициската партија, ќе предложи социјален пакет.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нето платата во април 24.785 денари

Редакција

Преку проект на Светската банка ќе се модернизираат и ќе се поврзуваат платните системи на Западен Балкан

Редакција

Настел продаде нови акции на Реплек

Редакција