еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Очекувавме негативно мислење од Владата за предлог-закон за амнестија, но низ дебата може да се подобри

Од ВМРО-ДПМНЕ очекувале негативно мислење од Владата за нивниот предлог-закон за амнестија. Сметаат дека тоа е смислено сценарио од власта, за да продолжи агонијата на лицата обвинети за настаните од 27 април.

– Ние очекувавме дека ќе има ваков развој на настаните, од причина што, и самиот закон во моментот кога го поднесовме согласно собранискиот Деловник не беше ставен на првата седница односно беше одбиен од страна на мнозинството. Така што, сето ова води кон еден заклулчок дека целата оваа фарса што се прави и недавањето поддршка за презентација на законот за амнестија е смислено сценарио од само една причина да продолжи агонијата на сите лица вклучени во процесите од 27 април – изјави во Собранието, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Тој додава дека доколку мнозинството сака, има можност преку дебата со одредени амандмани да го подобри решението што го предлага ВМРО-ДПМНЕ.

– Ние не поддржуваме насилство во Собранието, никој од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ тоа не го поддржува. 27 април е еден немил астан што се случи, но селективноста во правдата и она што ни го нудат со телото за помирување нема да ја долови сликата за тоа што е крајна цел на неговото формирање –  рече Мицевски.

Toj потврди дека партијата останува на ставот дека нема да учествува во работата на координативното тело, туку оти само ќе ја следи.

– Доколку се донесат неселективни одлуки и неселективна правда за сите учесници што можат да бидат опфатени согласно закон, ќе дадеме поддршка. Поддршката ќе зависи од тоа што ќе биде понудено и кога ќе биде понудено, дали пред или по завршувањето на постапката за уставните амандмани – додаде тој.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предлог – законот за амнестија за насилството во Собрание не помина на владина станица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ќе ја следи доставата на решенија за изолација

Редакција

Здравствените власти ќе постапуваат по укажувањето на Пановски дека антибиотиците се употребуваат неконтролирано

Редакција

Повторно откажување на летови на скопскиот аеродром

Редакција