еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во болниците низ државата вкупната бројка на хоспитализирани пациенти заразени со корона вирусот е 417 возрасни и четири деца

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 53 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

„Во болницата во Козле се хоспитализирани 29 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 4 деца позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 122 пациенти. На респираторна машина се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти.

На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 94 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19,“ информираат од Министерство за здравство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на активни случаи на Ковид-19 по скопските општини

Убава вест: Бројката на оздравени е поголема од новозаболените и изнесува 172

По подолг период бројката на заразени со корона вирусот под 100 и изнесува 78, во Скопје 26

Починаа уште петмина заразени пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 346

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Голем интерес за граѓанската обврзница: 1.283 граѓани уплатиле 1,4 милјарда денари

Редакција

Најдено запалено возилото на напаѓачот на Раде Трајковски Штекли?

Редакција

Против државата се водат арбитражни постапки во вредност од 1,365 милијарди евра, последните две покренати во јули и август

Редакција