Министерство за здравство информира дека на Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.
„Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 13 нови, вкупно хоспитализирани се 75 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти.
На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19,“ се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Починаа четворица пациенти од корона вирусот, двајца од Скопје
Убава вест: Оздравени 93 лица со Ковид-19, најмногу во Штип и Скопје
Детален преглед на активни случаи со Ковид-19 по скопските општини
Фото: МЗ