еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар двајца новозаразени, еден починат од Ковид-19

Во Дебар се зголемува бројот на новозаразени, но и на починати лица од Ковид -19. Во последното деноноќие регистрирани се два нови случаи, со што вкупната бројка сега изнесува 118 заразени лица, од нив три од Центар Жупа.

Во исто време почина уште еден дебранец, кој, поради влошената состојба, беше хоспитализиран во здравствена установа во Скопје, или петмина од почетокот на пандемијата.

Од нив четворица мажи од Дебар и жена од Центар Жупа, која на 26 февруари беше и првозаразена заедно со нејзиниот сопруг, кои беа дијагностицирани по нивното враќање од Италија.

Според официјалните податоци од вкупо заразените, 48 се излекувани додека активни на болеста се 65 лица, десеттина хоспитализирани во установите во Скопје.

Од вкупнот број заразени лица, во првата фаза беа 51, од нив 47 закрепнаа додека четворица починаа. Останата бројка или 67 се од втората фаза, кога на петти јуни повторно по педесет дена опасниот вирус се врати во Дебар. Од нив само еден е внесен во списокот на оздравени и еден на починати лица.

Дел од активните болни амбулантски се лекуваат во Општата болница во Дебар, додека дел кои се со полесна форма и се третираат во домашни услови.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед на активни случаи на корона вирусот по скопските општини

Седум новозаболени од Ковид-19 во Куманово, сите од познати кластери

Убава вест: Оздравени 260 заразени од корона вирусот, од кои 126 од Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Може да бидат готови и за пократко од 15 дена: Заев најави дека уставните амандмани ќе се прават со опозицијата

Редакција

За една недела 39 деца до 9 години заболеле со Ковид-19

Редакција

Во Дебар еден новозаразен со Ковид-19, активни на болеста 29 лица

Редакција