еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар двајца новозразени, само овој месец 25 лица

Во последното деноноќие во Дебар новодијагностицирани со Ковид-19 се две лица, со што само во изминатите денови од овој месец бројот изнесува 25.

Во просек дневно регистрирани се по двајца новозаразени. Најмногу новозаболени имало на први август 10 и на осми август, шест лица.

Во последното деноноќие нема оздравени, но ни починати лица. Во изминатитите денови од овој месец починале двајца пациенти или осум од почетокот на пандемијата, а оздравеле девет или 91 од вкупно заболените досега.

Според надлежните од крајот на февруари кога болеста се појави во ова подрачје направени се над 1.100 тестови, позитивни се 223, дури 90 отсто од нив во Дебар, останатите во Центар Жупа.

Во првата фаза од болеста беа регистрирани 51 заболен, од нив четворица починаа. Останатите 172 заразени се од втората фаза односно од петти јуни до денес. И во втората фаза битката со опасниот вирус ја загубиле четири лица. Активни на болеста се 124 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пет новозаразени, седум оздравени и еден починат од Ковид-19 во Кичево

Нови 141 случаи на заразени од корона вирусот

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владиниот авион принудно слетал на Скопскиот аеродорм

Редакција

Рекордни 177 нови случаи на заболени од корона вирусот, од нив 105 во Скопје

Редакција

Нови 54 случаи на Ковид-19 во тиквешко: Позитивни здравствен работник и вработена во градинка

Редакција