еМагазин
Image default
Македонија

Во Дебар нема новозаразени со Ковид-19, ама има рестрикција на водата за пиење

Епидемиолошката ситуација е стабилна, нема ново заразени, а во Општата болница во Дебар нема ниту пациенти кои се јавуваат со сомнителни симптоми на Ковид-19, изјави на денеска градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Како проблем кој се јавува во градот, според Дука е градската депонија, каде според стручните лица, ноќта спроти недела беше подметнат пожар, во чие гаснење максимално беа ангажирани дебарските пожарникари и комуналци. Додаде дека во тек се активности за откривање на предизвикувачите на
пожарот, од чиј чад и смрдеа се гушеше целиот град.

-Друг проблем е водата за пиење, кој за мене е приоритет над приоритетите и се залагам за побрзо решавање на истиот. Привремено преземени се активности за откривање на диви приклучоци во водоводнета мрежа, а со цел сите граѓани да имаат подеднакво вода за пиење воведена е рестрикција во снабдувањето од 13:00 до 17:00 часот, рече Дука.

Тој информираше дека како општински Оперативен штаб, со кој раководи, досега распределиле хуманитарна помош на 1.000 семејства. Градоначалникот ги отфрли гласините дека распределбата е неправична и нагласи дека помошта се распределувала според список составен од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа, општинската организација на Црвен крст и хуманитарни организации кои делуваат во градот, за што постои и соодветна документација.

На крај повторно упати апел граѓаните кога излегуваат во град да носат заштитни маски и да ја почитуваат физичката дистанца.

МИА/Фото: Општина Дебар

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Велешанка, тетовчанец и скопјанка починаа од корона вирусот

Убава вест: Регистрирани нови 14 оздравени од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 1.453

Потврдени нови 16 случаи, вкупно 2.014: Го достигнавме предвидениот пик на заболени од корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицискиот час го прекршиле 23 лица, изречени 481 казни за неносење маска

Редакција

Фатиме Фетаи избрана за обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје

Редакција

По најавата за самостојно делување на пратеници на ЛДП, од СДСМ велат дека мнозинството во Собранието е стабилно

Редакција