еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Дебар од Ковид-19 починаа две лица, жители се тестираат дома со брзи тестови и не се јавуваат во болница

Во ковид – центарот во Дебар синоќа почнаа две пациентки, една од Дебар и една од село Баланци, општина Центар Жупа, на возраст од 84 и 80 години, изјави за МИА директорот на дебарската Општа болница, Баки Алили.

Вели дека се зголемува бројот на новозаразени и дека болничките капацитети веќе се пополнуваат.

– Со брзи тестови денеска позитивен резултат е добиен кај 34 лица, што е навистина висока бројка за нашето подрачје.

Веруваме дека инциденцата е многу повисока ако се има предвид дека добар дел од оние кои ги чувствуваат познатите симптоми, се тестираат дома со брзи тестови, кои ги купуваат во аптеките и доколку немаат поголеми потешкотии, не се јавуваат во болница, вели Алили.

Моментно, има 18 хоспитализирани пациенти и сите се на кислородна поддршка. Во просек дневно по најмалку 20 пациенти се лекуваат амбулантски, а за преглед се јавуваат двојно повеќе.

– Повеќе не апелирам, туку ги замолувам граѓаните строго да ги почитуваат мерките за заштита и што помасовен одзив за имунизација, истакнува Алили.

Според него, во модуларната болница непречено се одвива процесот на вакцинација, каде само во изминатите два дена се аплицирани околу 750 вакцини.

Во овој регион регистрирани се осум смртни случаи овој месец, а вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата е 60-тина лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Едно лице почина од Ковид-19 во Велес, на кислородна поддршка се 8 пациенти

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија прими уште 97 граѓани од Авганистан, активисти на НДИ

Редакција

Каков имот пријавила Невенка Стаменковска Стојковски, заменик министерката за информатичко општество и администрацијаза

Редакција

Кои компании донираа пари за изборната кампања на СДСМ и Коалицијата „Можеме“?

Редакција