еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Во дискотека нападнат црногорскиот премиер Абазовиќ, бил евакуиран со солзавец

Српските медиуми јавуваат за напад во дискотека на премиерот на техничката влада на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, кој се случил синоќа.

Како што јавува српски Курир нападот на Абазовиќ настанал за време на настапот на Дино Мерлин во дискотеката Топ Хил, која се наоѓа на врвот Топлиш во Будва.

Дритан бил на настапот на Мерлин, а еден од посетителите се обидел да му пријде и да го нападне. Напаѓачот претходно му упатил низа навреди, јавува репортерот на Курир од местото на настанот.

– Настана хаос и метеж. Обезбедувањето на техничкиот премиер брзо реагираше, јавува репортерот на Курир и објаснува дека бил фрлен солзавец, а Абазовиќ бил евакуиран.

Како што дознава Курир, Абазовиќ е добро и не е повреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Црногорската полиција демантира дека во дискотека бил нападнат црногорскиот премиер Абазовиќ

Фото: Фејсбук/Абазовиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали од протоколот за фудбал: Tестирање за корона вирусот 72 часа пред натпревар, играчите ќе се тушираат дома

Редакција

Петиција за доживотен затвор за Васил Јованов, кој ја усмрти Фросина, досега ја потпишале над 21. илјада граѓани

Редакција

Кривични за внуците на Ахмети, Дрин и брат му Бесијан

Редакција