еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во Грција на плажа ќе може и со руска и со кинеска вакцина

За летната сезона, Грција ќе дозволи влез на туристи кои се вакцинирани и со руската и со кинеската вакцина, потврди грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, говорејќи во интервју во рамките на конференцијата на „Фајненшл Тајмс“ и уште еднаш истакна дека земјата, за туристите ќе биде отворена од 15 мај, јави дописничката на МИА од Атина.

Иако Европската Комисија има поинаков став за конкретните вакцините, Мицотакис сепак вели дека тие остануваат на нивната позиција да ги признаат и тоа пред сѐ се однесува на руската вакцина, поради тоа што очекуваат туристи од Русија.

– Русија е важен пазар за нас. Од податоците што ги имаме на располагање сметаме дека руската вакцина е безбедна и ефикасна. Секако, не е одобрена од ЕМА, затоа и не ја користиме вакцината, во целосна согласност со европските регулативи во врска со набавките, но јас не гледам никаков проблем, во Грција да примиме туристи кои биле вакцинирани со вакцината „Спутник“, објасни грчкиот премиер.

Грчкиот премиер истакна дека намерата е туризмот да биде безбедно отворен, а тоа значи дека „ако некој сака да патува во Грција без да биде потребен карантин ќе треба, на грчките власти да им покаже сертификат за вакцинација, потврда дека ја прележал болеста или негативен ПЦР или антиген тест“.

– Очекуваме да ги пречекаме туристите од 15 мај, веќе ги отворивме угостителските објекти и малопродажбата, па така првите посетители кои од 15 мај ќе дојдат во Грција, ќе посетат земја во која економските и општествените активности веќе се вратени во нормала, додава грчкиот премиер.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пристигнаа нови лесни оклопни возила JLTV од американско производство

Редакција

Од петок во Црна Гора влез во ноќни клубови, дискотеки и во затворени објекти само за вакцинирани и тие што прележале Ковид-19 или со тест

Редакција

Формирана Комисија: По 13 години, можност да се ревидира позитивната листа на лекови

Редакција