еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Во изолација потворно околу 108 милиони Кинези бидејќи корона вирусот се враќа

Околу 108 милиони луѓе во регион во североисточна Кина повторно се во изолација, откако таму повторно се појави корона вирусот, со кој досега се заразени 34 лица.

Кусо време откако низ земјата почна да се враќа нормалниот живот, градовите во провинцијата Џинан го прекинаа железничкиот и автобускиот превоз и затворија училиштата, ставајќи десетици илјади луѓе во карантин.

Според Блумберг, повторното воведување строги мерки вознемирило многу жители, кои сметале дека, што се однесува до епидемијата на коронавирусот во нивната земја, најлошото веќе поминало.

Иако растот на бројот на заразени не е толку брз како што беше минатиот декември во Вухан, брзата и силна реакција на властите во Џинан го отсликува стравот на Кина од можните последици од нов бран зараза, која веќе предизвика огромна социјална и економска штета во земјата, пишува агенцијата.

За да се спречи ширењето на вирусот, надлежните во градот Шулан најавија усвојување на досега најстроги мерки – ќе бидат затворени станбени блокови со потврдени или потенцијални случаи, а на еден член на секое домаќинство ќе му биде дозволено да ја напуштат куќата два часа секој втор ден, информира Блумберг.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина ја поддржува истрагата на СЗО, но е против политизација на пандемијата

Корона вирусот се „врати“ во Вухан: Се „олабавува“ ли светот прерано?

(Видео) Со „паметни очила“ се открива корона вирусот во Кина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата контра антикорупционерите: Нема правен основ за одговорност на вицепремиерот Кочо Анѓушев

Редакција

50 скопски јавни институции се вклучуваат во хуманитарна акција за Леонид

Редакција

Можно ли е одложување на изборите поради оспорувањето на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи?

Редакција