Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 193 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните клиники немало приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 10 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 45 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 73 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 74 пациенти.
На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ