Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 203 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
“Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 6 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.
Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 54 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 78 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 70 пациенти.
На Клиниката за детски болести има едно дете позитивно на Ковид-19 вирусот.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 180 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, велат од Министерството.
Фото: МЗ