еМагазин
Image default
Локално

Денеска посебен сообраќаен режим: Кои улици ќе бидат затворени заради трката „Прв до врв“

Министерството за внатрешни работи информира дека денеска, поради одржување на  спортско-рекреативната трка „Прв до врв“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во Скопје.

„Притоа, предвидената траса на движење на велосипедската трка, која започнува во 09.45 часот, е: пред Музеј на град Скопје – ул.„Св. Кирил и Методиј“, лево по бул.„Св. Климент Охридски“, во продолжение по бул.„Мајка Тереза“, лево по ул.„Тодор Александров“, во продолжение по локален пат за Средно Водно до врв на Водно („Милениумски крст“), а  трасата на движење на планинарите почнува од пред О.У.„Кочо Рацин“, на бул.„Мајка Тереза“, право по ул.„Тодор Александров“ и кај ул.„Салвадор Аљенде“ десно, по планински патеки кон Средно Водно, од Средно Водно кон врв на Водно („Милениумски крст“),“ се вели во соопштението.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците по кои ќе се одвива настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вчера изгаснати 45 пожари на отворено, а викендов вкупно 71 пожар

Редакција

12-годишно дете од селото Лера донесено мртво во болница

Редакција

Приведен охриѓанец кој сакал да силува девојче

Редакција