еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 280 болни

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 17 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 280 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 7 приеми.

„Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало шест нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника четири во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 24 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 17 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 16 пациенти.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 16 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 88 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 78 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 22 пациенти.

Вкупно 280 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 124 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Десет деца од градинката во Кочани во домашна изолација поради позитивна воспитувачка

Редакција

Убава вест: Оздравени 372 лица кои боледувале од Ковид-19

Редакција

За што се „скараа“ СДСМ и ДУИ

Редакција