еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти, а вкупно се лекуваaт 261

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

Вкупно 261 лице сомнително и потврдено за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти и 6 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во Козле биле примени 15 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симтоми на корона вирусот.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти.

На ГАК една хоспитализирана ковид позитивна пациентка,“ се вели во соопштението.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието се распушти, изборите на 12 април

Редакција

704 казни за неносење на маска

Редакција

Во Тиквешко за 24 часа починаа 4 лица од Ковид-19

Редакција