Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 71 нов пациент поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 514 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ имало 24 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 26 примени пациенти и 15 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 6 нови пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 29 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните клиники и ТОАРИЛУЦ се лекуваат 230 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 129 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти.
На ГАК има 8 хоспитализирани ковид позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.
Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 40 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Фото: МЗ