Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 77 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.
Вкупно 654 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.
„Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 44 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 14 примени пациенти и 15 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во Козле биле примени 1 нов болен, а 3 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 75 оздравени пациенти.
Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 304 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 142 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 147 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти.
На Клиниката за детски болести има 8 деца позитивни на Ковид-19 вирусот, а на ГАК има 7 позитивни пациентки,“ се вели во соопштението.
Фото: МЗ