еМагазин
Image default
Македонија

Во Кривичен продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Со испитување на вештакот Зекирија Зекири во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци, во која загинаа 16 лица и околу 30 беа повредени.

На претходното рочиште беше испитано вештото лице Јованка Савова, дел од тимот што го изготви супервештачењето за предметот.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци, што се случи на 13 февруари 2019 година, а во која загинаа 16 лица и над 30 беа тешко повредени, се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Додека, тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.

Судскиот процес за несреќата што започна во септември 2019 година го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител, Дарко Јакимовски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Азманов: Боки 13 ми се закануваше со документи од СЈО и Финансиска полиција

Редакција

Дерковски: Ќе направиме максимални напори да обезбедиме соодветна заштита на сите кои ќе учествуваат на изборите

Редакција

Уставниот суд в среда ќе ја разгледа иницијативата за Законот за амнестија

Редакција