Додека на социјалните мрежи се води жестока „војна“ помеѓу подржувачите на престојниот референдум за името и тие што планираат да го бојкотираат истиот, последната анкета на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) откри еден поразителен податок – само 3,1 од анкетираните граѓани го прочитале договорот за името со Грција, кој е дел од референдумското прашање.
За истиот според анкетата најмногу се информирале од медиумите, од социјалните мрежи и од пријатели и роднини.
Овој податок покажува многу работи, пред се дека македонските граѓани не се големи љубители на читањето, што е општо познато, дури и во случај кога се работи за едно вакво сериозно прашање.
Покажува и колку всушност македонските граѓани се подложни на сечија пропаганда, која последниве месеци ја има од сите можни страни, и дека на граѓаните им е полесно некој друг да им ги „свари“ работите, а не тие сами како индвидуи да си оформат сопствено мислење.
Фото: Влада