Епидемијата на Ковид-19 две години подоцна сѐ уште не е завршена и може дополнително да се пролонгира поради „скандалозно нееднаквата“ распределба на вакцините низ светот, предупреди генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
– Трагичниот биланс од пандемијата се повеќе од 446 милиони заразени ширум светот, со потврдени повеќе од 6 милиони смртни случаи, а безброј луѓе се борат со влошено менталното здравје, изјави Гутереш.
Тој оцени дека благодарение на спроведените мерки и извонредно брзиот развој и дистрибуцијата на вакцините, во многу делови на светот болеста е ставена под контрола, но истовремено предупредува дека може да се направи голема грешка доколку се смета дека пандемијата е завршена.
Гутереш ја критикуваше, оценувајќи ја „скандалозна“, нееднаквоста при распределбата на вакцините, притоа посочувајќи дека при производство на 1,5 милијарди дози вакцина месечно „речиси 3 милијарди луѓе сè уште ја чекаат својата прва вакцина“.
– Овој неуспех е директен резултат на политичките и буџетските одлуки кои даваат приоритет на здравјето на луѓето во богатите земји пред здравјето на луѓето во сиромашните земји, рече Гутереш.
МИА/Фото: Roman Grachev on Unsplash