еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Војната во Украина може да трае со години, предупредуваат од НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека војната во Украина може да продолжи со години и дека украинските сили се соочуваат со поинтензивни руски напади откако Европската комисија препорача Киев да добие кандидатски статус за ЕУ.

Столтенберг во интервју за германскиот „Билд ам Зонтаг“ рече дека снабдувањето со високотехнолошко оружје за украинските сили ќе ги зголеми шансите за ослободување на Донбас од руската контрола.

„Треба да се подготвиме за фактот дека ова може да потрае со години. Не смееме да ја ослабеме поддршката за Украина. Дури и ако цената е висока, не само за воената поддршка, туку и поради зголемените цени на енергијата и храната“, рече Столтенберг.

Британскиот премиер Борис Џонсон, кој го посети Киев во петокот, даде слични коментари за Сандеј Тајмс за неопходноста за подготовка за долга војна.

МИА/Фото: Украинско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Словачка и Чешка: Одредени ентитети од Македонија шират неточни информации дека влијаеле на нашите одлуки за вето на заклучоците на ЕУ

Редакција

Поразителни резултати: Странските директни инвестиции едвај 55,6 милиони евра

Редакција

(Видео) Косово доби нова Влада, ќе ја води Авдулах Хоти

Редакција