Војник од касарната „Илинден“ вчера бил хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември“ откако бил повреден од негов колега, соопшти МВР.
– Вчера околу 14:50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во касарна „Илинден“ во Скопје со повреда се здобил Б.Т. (45) од Злетово и бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ за укажување лекарска помош, се наведува во денешниот полициски билтен.
Според пријавеното, тој се здобил со повредата при примопредавање на смена и проверка на оружјето од друго воено лице, при што пиштолот испукал во подот, а од рикошетот парче од подот го погодило во ногата.
Од страна на Воена полиција бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.