еМагазин
Image default
Локално

Во нива на покојник одгледувале 58 стебла марихуана високи до три метри

Надворешната канцеларија за криминалистички работи -Радовиш, до ОЈО-Струмица, поднесе кривична пријава, против К.М (53) и Н.Т (45), двајцата од Радовиш, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, казниво по член 215 став 1 и 3 од Кривичниот законик на Република Македонија, информира МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш, постапувајки по добиени оперативни сознанија, во местото викано „Телешорски извори“, атар на село Смиланци, општина Радовиш, откри насад од околу 58 стебла од растението „Cannabis sativa“ (марихуана).

Растенијата биле засадени на парцела сопственост на покојно лице од с.Подареш, на површина од околу 50 квадратни метри, а стеблата биле во фаза на формирање на вршунки, во добра вегетативна кондиција, на висина од 120 до 300 сантиметри. Пријавените континуирано ги одгледувале заради производство на опојна дрога марихуана.

Преземени се мерки за пронаоѓање на пријавените и на 02.09.2018 година околу 17.35 часот, првопријавениот е затекнат внатре во насадот како врши берба од стеблата Cannabis и ги става во вреќа. Од страна на полициски службеници тој е лишен од слобода, а пронајдените предмети со Потврда за привремено одземени предмети биле одземени.

Пронајдените 58 стебла „Cannabis sativa“ (марихуана) биле откорнати и врз основа на претходно издадена Наредба, биле дадени на вештачење. Додека, по целосно расчистување и документирање на случајот, против пријавените е поднесена кривична пријава.

Фото: gathering spot

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хорор во Аеродром: Четири кучиња-скитници искасале девојка

Редакција

Украдено „БМВ“ кај Скопско кале

Редакција

Камион усмрти велосипедист на патот Осломеј-Кичево

Редакција