еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Пожар избувна во блок 3 во РЕК Битола, нема повредени

Пожар избувна на изолатор на трансформаторот на блок 3 во РЕК Битола синоќа во 22.50 часот, но веќе е изгаснат и нема повредени, информираа од АД Електрани на Северна Македонија.

-Вечерва изби пожар на блок 3 во РЕК Битола, еден од двата блока со кои во моментот работеше комбинатот (блок 1 и 3).

Огнот изби во 22.50ч. на изолатор на трансформаторот на блок 3, надвор од електраната.

Нема повредени, а огнот е брзо изгаснат, стои во соопштението од АД Електрани на Северна Македонија.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пелистерка лани со добивка и зголемени приходи

Редакција

Влада: Ветото на Република Бугарија е неодговорна геостратешка грешка

Редакција

426 од заразените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Редакција