еМагазин
Image default
Македонија

Во Прилеп 4 новозаразени со Ковид-19, од кои тројца од семејство од селото Десово во Долнени

Во Прилеп денеска се регистрирани 4 нови случаи на заболени од корона вирусот, од кои три се од населеното место Десово, општина Долнени.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јовановски, трите случаи од долненско Десово се од едно семесјтво .

– Трите нови случаи на заболени се од една фамилија во селото Десово, општина Долнени. Во таа фамилија има вкупно заболени седум члена.

Инаку, Центарот за јавно здравје кој ја покрива со надлежностите целата територија во прилепскиот пелагониски регион информира дека во моментов се активни 32 случаи, од кои 20 лица се на домашно, а 12 на болничко лекување.

На инфективното одделение во прилепската болница се 4 лица.

Од почетокот на пандемијата во Прилеп се вкупно регистрирани 217 случаи на Ковид-19, од кои 170 лица се оздравени. Бројот на починати е 15.

Досега прилепскиот Центар за јавно здравје има земено 1.322 примероци и дополнителни 140 во инфективното одделение на болницата, рече Јованоски.

Тој апелира до граѓаните да се придржуваат до мерките и овој празничен викенд со потсетување дека од утре полицискиот час почнува од 16 часот.

– Игнорирањето на коронавирусот и негирањето дека тој постои, нема да помогне во надминување на состојбата и намалување на бројката на заразени. Почитувањето на мерките, носењето заштитни маски, држењето дистанца, личната хигиена и дезинфекцијата, остануваат единствениот начин, единствениот механизам со кој може да се заштитиме како поединци и како општество, изјави Јованоски.

Во самоизолација се наоѓаат 42 лица, а поради неносење заштитни маски, вчера против 3 лица биле поднесени прекршочни пријави.

МИА/Фото: Општина Прилеп

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убава вест: Педесетти ден во Дебар нема новозаразени со коронавирусот

Струмичанка, која се лекува на клиника во Скопје, позитивна на Ковид-19

Од 19 заразени со Ковид-19 во Куманово, 17 се од општина Липково

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев предлага разрешување на двајца министри без ресор

Редакција

Детален преглед на активни пожари: Уште гори кај селата Дивље и Крушје, изгаснат кај Раовиќ, Буковиќ и Топлица

Редакција

(Фото) Со доцнење поради Боки 13, почна судењето за „Рекет“

Редакција