еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во сабота и до 17 степени: Во наредните денови натпросечно топло за овој период од годината

Значително облачно време со појава на магла и ниска облачност по котлините и речните долини ќе преовладува во наредните два дена, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Повремен локален дожд ќе има в среда, а потоа, во следните денови времето ќе биде стабилно и сè  потопло.

Според најавата на УХМР, утринските температури до недела секаде во земјава ќе бидат над нулата, а највисока дневна е прогнозирана за сабота, првиот ден од 2022 година, до 17 степени.

– Температурите ќе бидат над просекот за овој период од годината, што ќе предизвика постепено топење на снежната покривка, најави УХМР.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Mеханизам против дискриминација на инвеститорите, договори Работната група за економија на Македонија и Бугарија

Редакција

(Фото) Телма открива каде била закопана убиената Вања

Редакција

Предлог преговарачката рамка, без Протоколот, стаса во Собранието, седница се уште не е закажана

Редакција