еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Оливер Спасовски поднесе оставка од потпретседателската функција во СДСМ

Министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски утрово поднел оставка од функцијата потпретседател во партијата.Спасовски денеска на брифинг со новинарите информираше и дека вечерва ќе учествува на седницата во СДСМ и оти претходно најавил дека новиот мандатар кој вечер треба да биде предложен и избран од партијата треба да си состави нов тим.Спасовски рече дека 28 години се вложил во партијата и најави дека после 1 јануари ќе каже дали ќе остане во владиниот тим.

Седницата на Централниот одбор (ЦО) на СДСМ е најавена за вечер со почетокот во 19 часот во седиштето на партијата.

Се очекува на ЦО новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер, како и да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ денеска бира ново раководство: Во партијата се враќаат старите кадри Игор Ивановски и Андреј Петров?

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Дебар двајца новозаразени од Ковид-19 и осум оздравени лица

Редакција

Македонските вина промовирани пред светската јавност на „ProWein 2024“

Редакција

Притвор и истрага за Љупчо Палевски, првоосомичениот за убиството на Вања и Панче

Редакција