еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во серија инциденти: Во Загреб поради Македонија нападнати бугарски државјани

Хрватски „Јутарњи лист“ пишува за серија инциденти во главниот град на Хрватска, Загреб, во кои поради Македонија се нападнати бугарски државјани.

Инцидентите следат по острата реторика на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кон Бугарија поради нејзиното однесување кон Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватскиот претседател Милановиќ и возврати на Бугарија: Доста ја „шутиравте“ Македонија

Хрватската амбасадорка во Бугарија повикана на разговор во бугарското МНР поради изјавата на Милановиќ за Македонија

Хрватскиот претседател Милановиќ: Тоа што го бара Бугарија од Македонија е влегување во интимен простор и тоа не се прави

Според пријавата на бугарската амбасадорка во Хрватска, Генка Веселинова Георгиева, изминатите неколку дена, поради изјавите на Милановиќ во Загреб се случиле три инциденти во кои биле нападнати државјани на Бугарија.

Според сознанијата на „Јутарњи лист“, полицијата истражува два од случаите, додека третиот бил решен со помош на бугарската Амбасада.

Првата пријава се однесувала на постара госпоѓа, бугарска државјанка, која поради политиката на Бугарија кон Македонија ја нападнал таксист. Таа влегла во неговото возило, а таксистот најпрво и приговорил дека таа пресилно ја затворила вратата. Потоа, како што пишува весникот, ја прашал од каде е, а откако чул дека од Бугарија, следел агресивен вербален напад.

„Вие Бугарите со својата валкана политика кон Македонија, доаѓате да живеете овде во нашата убава Хрватска“ и рекол таксистот по што го застанал својот автомобил, побарал таа да му плати и да го напушти возилото.

Во пријавата уште стоело дека откако таа излегла и побарала да и помогне и да ја извади торбата од багажникот, таксистот грубо ја фрлил кон неа, по што госпоѓата паднала на земја.

Вториот случај го пријавила државјанка на Бугарија, врз чиј сопруг на некој од загрепските пазари биле фрлани продукти. На инцидентот му претходела расправа околу потеклото на производите, па откако продавачот разбрал дека неговиот купувач е бугарски државјанин, почнал да го навредува и да фрла продукти по него велејќи му дека: „Бугарија ја уценува несреќната Македонија“.

Во третиот случај, наводно, на синот на една бугарска државјанка му бил забранет пристап во градинка во Загреб. Но, поради сомнежот за дискриминација на детето, по интервенција на бугарската Амбасада, случајот не ескалирал.

Фото: Милановиќ/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договорот од Преспа веројатно на средината на февруари или почетокот на март ќе дојде на ратификација во грчкиот парламент

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на Универзитетот „Гоце Делчев“ за набавка на нафта за греење вреден 191.000 евра

Редакција

Денеска и контра-Парада на гордоста во Битола

Редакција