Протестен марш за чист воздух се одржа и попладнево во центарот на Скопје.
Иницијативата „Петоци за иднината“ бара да се исполнат сите нивни седум барања, зашто досега се реализирани само две – завршување на процесот Иловица-Штука и сторнирање на намалувањето на казните во областа на екологијата.
-Меѓутоа, има уште пет барања меѓу кои главните две се забрана за увоз на ѓубре што се користи како гориво и кривичната постапка за ОХИС. Досега немаме никаков одговор од Владата, иако добар дел од прашањата пред неколку дена беа презентирани на Советот на безбедност што се одржа на иницијатива на претседателот на државата, изјави Владимир Куновски.
Додаде дека и во 2020 година ќе продолжат со протестите за чист воздух во кои се обединети 40-ина здруженија. Очекува и возрасните граѓани да се придружат на иницијативата, по примерот на средношколците кои минатиот петок масовно излегоа на протест и ја бојкотираа наставата.
Маршот почна пред Министерството за животна средина и просторно планирање и заврши пред Владата.
МИА/Фото: Фејсбук/Скопје мора да дише