еМагазин
Image default
Локално

Во Скопје санкционирани 401 возачи, од кои 110 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територијата на град Скопје се изречени се вкупно 401 санкциja.

Како што информира МВР, меѓу санкционираните, 24 лица се казнети за возење без возачка дозвола, 110 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 19 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 120 за непрописно паркирање.

Покрај ова, санкционирани се и 21 мотоциклист, 82 возила се подигнати со специјално возило „пајак“, а изречени се и 69 казни за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението на МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нов заменик-градоначалник на Арсовска е Александар Трајановски, советник од ГРОМ

Редакција

Возач нападнал вработен на патарина на автопатот Тетово-Гостивар

Редакција

Италијанка киднапирана од 19-годишник од Скопје, чувана заклучена во стан во Охрид

Редакција