еМагазин
Балкан

Во Словенија во иднина ќе се вакцинира само со вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“

Во иднина, имунизацијата на населението против Kовид-19 во Словенија ќе се извршува со mRNA вакцини (Фајзер/Бионтех и со Модерна), а со векторска (АстраЗенека и Џонсон и Џонсон) само во исклучителни случаи, односно по лично барање, потврди министерот за здравство на таа држава Јанез Поклукар.

Ова го препорачаа група медицински експерти откако девојка неодамна почина помалку од две недели по вакцинација со Џoнсон и Џoнсон.

Поклукар на прес -конференција рече дека векторските вакцини ќе бидат достапни само за лица кои имаат контраиндикација за вакцинација со mRNA вакцини или на експлицитна желба да добијат доза од векторската вакцина.

Експертите, исто така, и сугерираа на владата да користи вакцина „Фајзер“ за млади под 30-годишна возраст, поради новите податоци за ризикот од развој на воспаление на срцевиот мускул по примањето вакцина на Модерна.

Поклукар рече дека половина од Словенците се вакцинирани со mRNA, а другите половина со векторски вакцини. Вкупно 49,5 проценти од населението е вакцинирано.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Србија денеска ќе застане: На генерален штрајк студенти, уметници, медиуми, адвокати…

Редакција

„Лидл“ ги отвора своите први супермаркети во Србија

Редакција

(ВИДЕО) Лажна вест ги донесе мигрантите на грчко-македонската граница

Редакција