еМагазин
Image default
Балкан

Во Србија зголемена цената на патарините

Српската Влада на вчерашната седница одобри поскапување на патарините за 14 отсто, додека оние кои патарините ќе ги платат по електронски пат ќе добијат шест проценти попуст на таа сума, односно за нив поскапувањето ќе биде осум отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

За патничките автомобили на релација Прешево-Белград, наместо 1.490 динари, доколку се плаќа во готово, ќе чини 1.699 динари.

Доколку сопствениците на автомобили плаќаат електронски на таа делница, патарината ќе чини 1.609 динари.

Патарината Белград-Суботица поскапува од 640 динари на 730 динари, а за е-плаќање на 691 динари.

Белград-Шид поскапува од 420 на 479 динари и 454 динари за плаќање со таг.

Цената на патарината Белград-Ниш се зголемува од 890 на 1.015 динари, а за електронско плаќање на 961 динари.

Додека цената на патарината Белград-Лесковац  од 1.020 динари ќе чини на 1.163 динари, а за електронско плаќање 1.102 динари.

На делницата Белград-Параќин патарината наместо 580 динари ќе чини 661 динари, а доколку се плати електронски ќе чини 626 динари.

Белград-Димитровград поскапува од 1.310 на 1.493 динари, а за електронско плаќање 1.415 динари. Eдно евро изнесува 117,35 динари.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата на Србија побара од КФОР враќање на одреден број на српски војници на Косово

Редакција

(ВИДЕО) Срби играа фудбал на границата со Македонија за да им помине времето на чекање поради гужвата и долгите колони

Редакција

Жртва на Мика Алексиќ откри детали од злоставувањето: Ме избра мене и три девојчиња, па на момчето му нареди да ги соблече пантолоните

Редакција