еМагазин
Image default
Македонија

Во Свети Николе расте бројот на заразени со корона вирусот

Во Свети Николе се зголемува бројот на заразени со корона вирусот, изјави градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски на денешната седница на Општинскиот кризен штаб.

Тој ги повика надлежните инспекторати и институции да излезат на терен во фабриките и да видат дали се почитуваат протоколите при превоз на работниците во светиниколските и штипски фабрики.

Во Свети Николе вкупно 50 лица се заболени од коронавирусот, а 75 лица се наоѓаат во самоизолација по основ на контакт со заболени лица.

-Ситуацијата е посебно алармантна во конфекцијата „Мода АД“- Свети Николе каде бројот на заболение од корона вирусот се зголемува. Од страна на менаџментот не информираа дека во текот на вчерашниот ден во приватна клиника се тестирани вкупно 209 вработени, чии резултати ги очекуваме во текот на денешниот и утрешниот ден, вели Велковски.

Тој истакна дека и официјално се обратиле и до Кризниот штаб, Министерството за здравство, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје Велес, како надележни институции, со цел превземање на сите мерки за спречување на натамошно ширење на вирусот во општината.

-Очекуваме од страна на надлежните институции и менаџментот на фабриката под итно да ги превземат сите неопходни мерки, бидејќи здравјето на граѓаните е најважно од се. Од страна на Кризниот штаб, повторно се активирани волонтерите за достава на неопходни прехрамбени продукти и лекови на лицата што се заболени и во самоизолација, вели Велковски.

Апелира до сите граѓани, да се придржуваат на мерките и препораките на Министерството за здравство и Владата во носење на заштитни маски и држење на дистанца.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

48,3% од заболените со Ковид-19 во Македонија имале контакт со потврден случај

Вкупно импортирани 137 случаи на Ковид-19, последниот регистриран пред неколку дена

80,6% од починати од Ковид-19 во Македонија со претходни заболувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Влада предложи кризната состојба на јужната и на северната граница поради мигрантите да продолжи до јуни 2019

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција

Почна штрајкот во училиштата и градинките

Редакција