еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Во Тетово и Гостивар зголемено загадувањето, стапуваат на сила мерките за заштита

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека на мерните места во Тетово и Гостивар е надминат прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри.

– Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 мg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерните места во Тетово и Гостивар, информираат од МЖСПП.

Од МЖСПП посочуваат дека доставиле информација за надминување на прагот на алармирање до Министерствто за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управата за животна средина, Секторот за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институтот за јавно здравје и до општините Тетово и Гостивар.

– Согласно заклучоците од записникот од 40-та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за Тетово и Гостивар стапуваат на сила препораките и мерките во случај на надминат праг на алармирање, посочуваат од МЖСПП.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за убиството и самоубиството во Демир Капија: Загинатите се на возраст од 34 и 72 години

Редакција

Фајненшл тајмс: Необичните услови поврзани со патот на Македонија кон членство во Европската унија се причина за загриженост

Редакција

На 7 години одземена лиценцата на анестезиологот од Тетово, кој објавуваше снимки на пациентки на Тик ток

Редакција