еМагазин
Image default
Локално

Во Тетово нападнат и повреден полицаец кој бил на интервенција со службата за подигнување возила

Полицаец е физички нападнат вчера на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово при вршење службена должност кога се подигнувало непрописно паркиран автомобил заедно со екипата на општинското претријатие за градски паркинг. Инцидентот се случил околу 16:30 часот, а по нападот приведен е напаѓачот Н.С (29) од Шемшово.

– Лицето Н.С (29) од Шемшово е приведен и задржан во полициската станица во Тетово за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштија од СВР Тетово.

Полицаецот при нападот здобил и телесни повреди поради што е задржан на лекување во тетовската Клиничка болница.

За два месеци ова е втор напад врз полицаец во Тетово. На 30 април 49-годишен жител на Тетово заврши во полициска станица на распит откако на улицата „Илинденска“ во Тетово прво одбил да се легитимира, а потоа и почнал да бега. Откако бил стигнат, Ј.С. физички нападнал еден од полициските службеници. Лицето потоа е лишено од слобода и задржан во Полициската станица Тетово.

Во статистичката евиденција на СВР Тетово се бележат околу 40-тина напади за 2018-та година.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за вработен во Македонска пошта: Неовластено земал пари од сметка на пензионерка

Редакција

Пронајдено телото на момчето кое завчера се удави во Вардар кај неготинско Пепелиште

Редакција

Внук се сомничи дека ја убил својата баба во нејзиниот стан во Скопје

Редакција